Откако се соголи пред јавноста со „Гол човек“ и „Прирачник за анти антиалкохоличари“, познатиот македонски актер, музичар, водител и шоу-мен Игор Џамбазов повторно се соголува. Овојпат во „Гол човек 2“. Тој моментално се наоѓа во неговото омилено Слепче, во куќата на баба Маца, каде што го создава новото дело.
-Пишувам ноќе, до три часот по полноќ сум пред компјутер. Ќе останам во Слепче подолго време – вели Џамбазов.
Во првото издание на„Гол човек“ тој пишува за неговиот контроверзен живот, проблемите со коцкањето, заедничкиот живот и разводот со Искра…. Во неговата животна приказна се среќаваат и ликови кои се јавни личности. Втората книга е посветена на алкохолот. Игор би рекол – јас знам како не треба. Токму оваа книга го открива тоа – како не треба за да не го уништите сопствениот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.