| четврток, 6 декември 2018 |

Западни амбасади го евакуираат персоналот од Ирак

Iraqi security forces inspect the site of a suicide bombing outside a polling station in Kirkuk

Западни амбасади денеска почна со евакуација на своите дипломати и нивните семејства од Ирак, и покрај тврдењата на властите во Багдад дека нивните сили го одбиле нападот на исламистите, кои зазедоа голема територија во северниот дел на земјата и најавија опсада на главниот град.

Евакуацијата на својот персонал ја потврдија само амбасадите на САД и Австралија во Багдад, а дополнително Вашингтон најави и засилени безбедносни мерки на својата дипломатска мисија во ирачкиот главен град.

Потпаролот на Стејт департменот Џен Псаки изјави дека персоналот на Амбасадата на САД во Багдад ќе биде „привремено преселен“ во американските конзулати во јужниот пристанишен град Басра и во Арбил во курдскиот автономен регион, како и во Амбасадата во Јордан.

Во исто време, како што јави Си-Ен-Ен, американскиот воен брод „Меса Верде“ со околу 550 маринци денеска вплови во Персискиот Залив, што се оценува како најава за помошта на Вашингтон за ирачката Влада во борбата против сунитските исламистички екстремити.

„Меса Верде“ ќе му се придружи на носачот на авиони „Џорџ Буш“, кој по наредба на Пентагон во саботата вплови во Персискиот Залив.

Американскиот претседател Барак Обама уште минатата недела најави помош за ирачката Влада во справување со екстремистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top