Сем Кели, британски актер најпознат по улогата на Ханс Геринг во серијата „Ало, ало“, почина на 70-годишна возраст.
Неговата агентка Линда Ронан соопшти дека Кели починал по долгата болест со која храбро се борел.
– Зад себе не го остави само семејството, туку и многуте пријатели кои беа негово избрано семејство – рече таа.
Кели, роден во Манчестер, го глумеше нацистот Ханс Геринг во првите четири сезони на „Ало, ало“ од 1982 до 1987 година, а пред тоа во Велика Британија беше познат по улогата на Бани Ворен во „Porridge“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.