| четврток, 6 декември 2018 |

Павлески: Приоритет на новата Влада е привлекување на нови инвестиции

bil_pavlevski_g

Се поголем број на странски инвеститори ги потврдуваат своите инвестиции во Македонија.

На оваа тема, министерот за странски инвестиции, Бил Павлески зборуваше на гостување на вестите на Канал 5.

-Приоритет на новата Влада ќе биде зајакнувањето на економијата и привлекување на повеќе инвестиции со цел да се отворат што повеќе работни места ширум Република Македонија. Веќе имавме неколку компании кои ги најавија своите инвестиции, следниве месеци, посебно во овој летен период очекуваме неколку од овие компании да започнат со производство. И други компании се во процес на донесување на финална одлука за да инвестираат во Република Македонија – изјави Павлески.

Министерот викендот престојувал во Охрид каде со делегација од странски инвеститори, разгледувале локации, па посочи и дека оваа недела очекуваат нова делегација која истотака ќе го посети Охрид.

До сега еден од начините за привлекување на нови странски инвестиции се „роуд шоуа“, во таа насока министерот изјави дека планирано е ново „роуд шоу“ на Истокот.

-Тоа е со цел да се привлечат компании од Истокот, затоа што имаме забележано дека компании кои доаѓаат од Истокот, од Јапонија и Југоисточна Азија и кои ги продаваат нивните производи на европскиот пазар, па нивна тенденција е да го пренесат производството на европскиот пазар, затоа што не им се исплаќа нивните производи да патуваат цел месец и да плаќаат дополнителни транспортни трошоци – додаде Павлески.

Според него, целта е да се таргетираат тие компании, но као што подвлече, своите „роуд шоуа“ ќе ги насочат и кон европските земји како и Северна Америка.

Отварање на нови работни места, бенифиции за домашните фирми кои соработуваат со нив, како и нивно зајакнување, се само дел од позитивните ефекти на странските инвестиции.

-Нашата Влада таргетира странски компании, за да создадат нова клима во државата, меѓутоа и во сорабтка со домашните компании да се создаде нова економија која ќе отвори нови вработувања, а истовремено ќе се отворат и нови компании – подвлече министерот Бил Павлески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top