| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија презент“ организира фестивал на филмски сценарија

На 25 и 26 јуни, во Скопје ќе се одржи Меѓународниот фестивал на филмски сценарија “Скрипт фест 2014“. Фестивалот ќе се одржува во Културниот центар “Феникс“, а ќе започне во 10 часот. Фестивалот “Скрипт фест“ го организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје.

Овој традиционален фестивал годинава се одржува трет пат, а ќе го отвори проф.д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература – Скопје.

Потоа, ќе бидат врачени и наградите на годинашните добитници:  “Скрипт феникс“ на м-р Константин Плевнеш од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк за развој на филмската култура; “Скрипт презент“ – на Сунчица Уневска од “Утрински весник“ за долгогодишен придонес во филмската уметност; “Скрипт фест“ – на авторот Кузман Клековски за неговиот ангажман и придонес на планот на филмот.

Специјално признание – наградата “Скрипт мост“ ќе му биде доделена на Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top