За Кање Вест 15 јуни е важен датум од две причини и двете се однесуваат на неговата ќерка Норт, пишува српски „Стори“.
Имено, на овој датум се одбележува денот на татковците, но на тој ден познатиот музичар првпат стана татко. Токму тоа беше причината што Кање по настапот на фестивал во Англија побрза дома за да биде со своите две дами.
По напорниот ден, кој го поминаа во посета на Детскиот музеј на Менхетен, таткото и ќерката легнаа да гледаат телевизија и така заспале, но оваа неодоллива сцена Ким реши да ја забележи и подели со фановите.
– Ова е смислата на животот. Нашето девојче денеска наполни една година. Толку многу си игравме, што тие двајцата се онесвестија гледајќи натпревар. Среќен ден на сите татковци во светот – напиша Ким.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.