| четврток, 6 декември 2018 |

Бурата не ги сопре Тајзи и Слаткаристика

Во саботата, на 14 јуни, на ракометното игралиште во Битола се одржа првиот „Beat event #1“. Главни ликови за одличната атмосфера вечерта беа Слатакаристика и Тајзи, кои секогаш се добро пречекани од битолчани.

Beat Event 2

И покрај лошото време и обилните врнежи од дожд пред почетокот, на ова музичко случување дојдоа повеќе од 2.000 луѓе кои уживаа од почеток до крајот на првиот „Beat Event“.

Beat Event 5

Настанот започна со диџеј Андреј Ѓошев, продолжи со диџеј Че и Аце НЛ, за да следуваат Тајзи и Слаткаристика. „Beat Event“ заврши во 01:00 по полноќ со атрактивното, електронско дуо „Future Inc“.

Beat Event Slatkaristika 2

  Слткаристика, премиерно пред битолчани го изведе и неговиот нов сингл „Дими џам на која му гостуваат Тајзи и Ферус Мустафов, а истиот официјално заедно со видеоспот ќе излезе во текот на другата недела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top