Најголемиот музички фестивал кој ги обединува младите од целиот Балкан, ова лето ќе се одржи повторно во Врњачка бања, централна Србија. Покрај фантастичната музичка програма која е воедно и најквалитетна од сите досегашни изданија, новина е и промената на локацијата на одржување на фестивалот.
Сместен во најубавиот дел на градот, покрај Врњачкото езеро, „Лав фест“ (LoveFest) ќе биде вистинска љубовна приказна која ќе ја слави музиката, но и пријателството и солидарноста како едни од постулатите на самиот фестивал. Фестивалот кој низ изминатите 7 години беше домаќин на имиња како Кевин Сандерсон, Карл Крег, Буч, Грамафонџије, годинава подготвува уште поатрактивна музичка понуда.

Од хаус и техно, преку хип-хоп, се до познати регионални рок звуци, петте сцени кои ќе бидат поставени ќе понудат музички избор за сечиј вкус. Сепак, она што организаторите со гордост го најавуваат е главната сцена и настапот на легендите на техно сцената, Jeff Mills, Kenny Larkin и Robert Hood. Овие тројца предводници на светскиот техно звук ќе се појават на главната сцепа, што претставува вистински раритет да се појават сите тројца на едно место.
Воедно, свое појавување пред балканската публика ќе има и светски познатата прогресивна хаус атракција Eric Prydz. Она што е навистина значајно да се напомене дека Ерик се појавува само на најзначајните европските фестивалски збиднувања, па неговиот настап на „Лав фест“ ќе биде уникатна можност да се ужива во негов сет.
Во Врњачка бања пристигнува холандската дип хаус ѕвезда Tom Trago, техно дуото „Тiefschwarz“, како и познатиот британски диџеј и продуцент Mark Knight. Фестивалот ќе го затвори James Zabiela, со вториот негов настап на „Лав фест“.
Eнерџи сцената е резервирана за претставниците на диско звукот Adana Twins, Finnebassen и Doctor Dru, надополнети со Tama Sumo, Boris Werner и Levon Vincent, сопственик на ремонираната издавачка куќа „Novel Sound“.
Како доказ на фактот дека „Лав фест 2014“ е наменет за сите музички вкусови, говори и фактот дека едни од главните изведувачи на фестивалот се „Партибрејкерс“, Канду Коџа и Небојша, Рамбо Амадеус, „С.А.Р.С“, „Бед копи“, хрватската рок-атракција „Лет 3“, Никола Врањковиќ, „Ритам нереда“ како и популарното црногорско дуо „Who See“. Ова се само дел од изведувачите наменети за љубителите на „поцврстиот” звук.
Посетителите на фестивалот ќе можат да уживаат и во сетовите на младите диџеи од регионот како и да се забавуваат на уникатната Сајлент сцена. Конечно, предвидена е и зона со амбиентални звукови во добропознатата чил зона.

Како на „Лав фест“? За 999 денари! За секои три карти, уште еден билет гратис!
„Хајнекен Лавфест 2014“ е замислен како тродневно уживање со уникатни музички настапи, но и многу останати интересни содржини. Картата за сите три фестивалски денови изнесува 999 денари. За првите 30 купувачи е обезбеден бесплатен кампинг. Цената на кампинг просторот е 600 денари (10 Еur.), со дополнителна цена од 600 денари (10 Eur.) за изнајмување на шатор. Она што е посебно провокативно за сите друштва кои ќе дојдат на фестивалот е можноста, за три купени билети да се добие еден гратис.
Картите можат да се купат од продажната мрежа на МКТикетс како и сите продажни салони на ОНЕ.
Повеќе информации на официјалната страна на „Фејсбук“ за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


