| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за тетовскиот полицаец кој при чистење на оружјето го уби својот колега

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35-годишниот Г.С. од Тетово, полициски службеник во полициската станица при СВР Тетово, кој пред неколку дена при проверка на оружје го застрела својот колега.

Пријавениот се товари за кривичните дела предизвикување општа опасост и тешки дела против општата сигурност.

Во петокот наутро, околу 09:50 часот, во дежурната просторија од полициската станица за БПС-Тетово, пријавениот при проверка на огнено оружје-автоматска пушка испукал кон полицискиот службеник Ж.Ј.(51) од Тетово, на кого му нанел прострелни рани во пределот на абдоменот. Повредениот поради сериозноста на повредите од Клиничката болница Тетово е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде на 14 јуни околу 10 часот им подлегнал на повредите.

Од извршен увид во просторијата пронајдени се автоматската пушка кал. 7,62 и рамка со 27 куршум и еден куршум во цевката, како и две испукани чаури од истата.

Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 15 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top