| четврток, 6 декември 2018 |

За Јоксимовиќ продадени повеќе од 20.000 влезници

Пет дена пред големиот концерт на Жељко Јоксимовиќ во Скопје, организаторите од продукцијата „План Б“ и менаџментот на Жељко ги најавија музичките гости.

Покрај Даниел Кајмакоски, со кого Јоксимовиќ ќе го испее нивниот дует „Скопје – Београд“, в сабота на 21 јуни на стадионот „Филип Втори“, сцената со Жељко ќе ја подели уште еден Жељко. Самарџиќ ќе биде вистинска концертна поддршка за својот српски колега. А, за да го променат ритамот на концертот и да понудат поинакви стихови, тука ќе бидат и „Рибља чорба“. Македонската поддршка ќе ја пружат Гаро и браќата Тавитјан.

Влезниците се во продажба секаде низ земјава. Место на трибина (јужна, северна или источна) од денес ќe ве чини 300 денари , партер 250, додека пак место во фанпит ќе ве чини 400 денари. Обезбеден е и ВИП простор за којшто е потребна резервација.

 Организаторот најави рекорден број публика. Со оглед на тоа дека само во првите две недели беа продадени повеќе од 20.000 влезници, без сомневање ова ќе биде концерт што вреди да се види и на кој се очекува Жељко да пее пред 50.000 публика.

Во деновите што ги броиме пред концерт, организаторот најавува уште неколку спектакуларни музички гости…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top