Еден од најсериозните кандидати за титулата селекцијата на Аргентина со победа против дебитантот на мундијалите БиХ ги најави амбициите за трета светска титула.
Босна и Херцеговина лошо го почна сефте настапот на Светските првенства и тоа на легендарната „Маракана“ со автогол на Сеад Колашинац во третата минута. Но единствениот дебитант на фудбалскиот самит во Бразил брзо се созеде од шокот и рамноправно и се спротивстави на Аргентина предводена од Лионел Меси.
Сенад Лулиќ имаше шанса и да израмни во првиот дел, но голманот на „гаучосите“ Ромеро извонредно го одбрани неговиот удар со глава. Во вториот дел на сцена стапи Меси со вториот гол на мундијалите. Извонредниот напаѓач на Барселона погоди во 65. минута по одличното додавања на Игуаин, со што Аргетнина поведе со 2-0.
Во самиот финиш во 85. минута, момент за паметење за БиХ, а во историјата како прв стрелец на мундијалите за оваа земја се запиша Ведат Ибишевиќ. До крајот „Босанците„ се обидоа да израмнат, но немаа сили за подвиг и реми против Аргентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.