| четврток, 6 декември 2018 |

Магијата на легендарната „Маракана“, уживаа и Аргентинците и Босанците

Бразилскиот стадион во Рио де Жанеиро, популарната „Маракана“, веројатно, е најпознатата фудбалска арена на сите времиња иако сега е подновена со поинаков лик. Местото на многу легендарни натпревари ноќеска беше во центарот на вниманието заради мечот меѓу Аргентина и Босна и Херцеговина.

И двете селекции и нивните навивачи уживаа без разлика на исходот, а мечот заврши со победа на фаворитот со 2-1. Популарните „гаучоси“ имаа можност да се радуваат на еден од најголемите симболи на нивниот голем спортски и фудбалски ривал Бразил, а и репрезентативците на БиХ и нивните симпатизери немаат за што да жалат.

Тие ја имаа честа да дебитираат на мундијалите на легендарната „Маракана“, момент што вечно ќе го паметат. И тоа какво деби на Светските првенства, против Аргентина, една од најфудбалските нации, двоен светски шампион, секогаш при врвот и постојан кандидат за трофејот на мундијалите. Патем, БиХ воопшто не разочара во првиот настап, постигнаа и гол преку Ведат Ибишевиќ, беа рамноправни со големите аргентински ѕвезди предводени од Лео Меси и покажаа дека се сериозни кандидати за пласман во осминафиналето.

Аргентина по победата се најде на еден чекор до пробив меѓу 16. најдобри селекции на планетата, а за нив секогаш е посебно чувството кога ќе слават на „Маракана“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top