| четврток, 6 декември 2018 |

Босна преку Исланд се пласираше на СП

БиХ го издржа притисокот од Исланд и успеа да дојде до нерешени 29:29 така што со победата од еден гол од првиот меч си обезбеди вкупен триумф. Исланѓаните беа без повредениот Палмарсон, но тоа не им е оправдување така што останаа без место на Мундијалот.

Словенците во тежок меч направија голем пресврт против Унгарија. Имаа три негатива од првиот меч, а губеа со три разлика и на полувремето. Затоа, пак, во вторите 30 минути беа фуриозни. успеаја да надоместат и победија со дури шест гола разлика, 32:26.

На тој начин дури четири репрезентации од поранешна Југославија се најдоа на СП во Катар.  Мундијалот ќе биде без неколку силни селекции. После отпаѓањето на Германија, сега ќе ги нема и Исланд и Унгарија, репрезентации кои во минатото се покажале како исклучително незгодни за нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top