| четврток, 6 декември 2018 |

Новинари на руска телевизија повторно задржани во Украина

Двајца новинари од руската телевизија „Ѕвезда“ се задржани во југоисточна Украина, што е втор таков инцидент, во кој се вклучена оваа руска телевизија.

Раководството на телевизијата успеа да воспостави контакт со Јевгениј Давидов и Никита Конашенко, кои украинските сили за безнедност ги задржале на граничниот пункт во Покровској, по што се префрлени во Днепропетровск, јави ИТАР-ТАСС.

Од телевизијата упатија апел до украинскиот претседател Петро Порошенко за ослободување на новинарите.

На 6 јуни новинарите од „Ѕвезда“, Андреј Сушенов и Антон Малипев, кои пристигнаа во Украина за да известуваат за инаугуарацијата на Порошенко беа задржани, а потоа ослободени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top