54, 7 илади тони изнесувало производството во конзервната индустрија минатат година. Тоа е за 0, 6 % повеќе од претходната година. Најголем дел од производите од преработувачките капацитети се извезени , а само 12,7 илјади тони се пласирани на домашниот пазар, пишува Лидер.
Минатата година од извоз на преработки на овошје и зеленчук индустријата остварила девизен прилив од 48,1 милион евра, што е раст од 2% споредено со минатата година. Она што ја карактеризира индустријата минатата година е недостатокот на црвена пиперка за производство на ајвар, што влијаеше на поголем раст на производството и извозот на оваа индустрија.
Од МАП велат дека минатат година се соочиле со неповолни временски состојби, недостатокот на суровина за преработка (посебно црвена пиперка), пристап до финансиски средства и нецелосна имплементација на договорното производство итн.. Како резултат на овие недостатоци преработувачките капацитети не ги искористија во целост потенцијалите на домашното производство
Ајварот е најголем извозен производ
Според истражувањето, индустријата минатата година откупила речиси иста количина суровина како и во 2012. Тоа беше како резултат на недостатокот на околу 3.000 тони црвена пиперка минатата година. Во 2013 година индустријата откупила вкупно 71,4 илјади тони суровина или за 0,5% помалку отколку во 2012. Анализата на МАП покажува дека индустрискиот ајвар е најмногу произведен од индустријата а
потоа следат замрзната пиперка, домашен ајвар, преработени корнишони, печена пиперка, цвекло итн.
Индустријата во последните неколку години покажува постојано зголемување на производството, најмногу поради зголемената побарувачка за македонските преработки од страна на странските купувачи, како и порастот на домашниот пазар како резултат на силната пенетрација на малопродажните синџири и промените во животните навики на населението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


