Пет прекршувања на прописите во поглед на дозволената бучава констатирала тетовската полиција при контрола на четири угостителски објекти вчера во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, во кафулето „Тантра“ на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.А.(32) на двапати биле забележани повисоки нивоа на гласна музика и бучава што изнесувале 79,9 односно 74 децибели, во кафулето „Марон“ на истата улица, кое е во сопственост на Ф.С.(32) биле измерени 68 децибели, во кафулето „Либрари“ на ул.„107“, сопственост на Б.Ц.(32) биле забележани 75 децибели и кафулето „Ди Версо“ на ул.„Борис Кидрич“, сопственост на Ј.Т.(25) имало 75,1 децибел.
– На сите сопственици им се предадени записници и платни налози со кои треба да платат по 200 евра во денарска противвредност согласно член 8 став 1 од Законот за прекршоци на јавниот ред и мир, додаде Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонска вокална музика“ – концерт на вокални солисти во Штип
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


