| четврток, 6 декември 2018 |

Украина жали за 49-те војници

porosenkoЗаради загинувањето на 49 украински војници од воен авион-транспортер кој проруски сили го соборија вчера во близина на Лугањск, во Украина денеска е Ден на жалост.

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара свикување на Советот за национална безбедност и одбрана по повод најновиот развој на настаните на исток во државата.

Порошенко вчера побара „адекватен одговор“ по повод нападот на проруските сили и инцидентот кај Лугањск.

– Сите вмешани во акт на тероризам од такви размери мора да бидат казнети, изјави Порошенко и нагласи дека на Украина и е потребен мир.

Од друга страна, Москва смета дека САД би требало да го употребат своето влијание врз Киев за да се запре насилството и нагласуваат дека решение е можно само по пат на директни контакти со претставници од југоисток во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top