| четврток, 6 декември 2018 |

Папата: Господ ме повика на планина

-Господ ме повика на планина… да се посветам на молитвата и медитацијата. Но тоа не значи дека ја напуштам Црквата, напротив”, изјавил изјави денес папата Бенедикт Шеснаесетти во своето последно обраќање (ангелус) во неговиот понтификат.

Тој најави дека ќе продолжи да ѝ служи на Црквата со иста љубов и еднакво верно како и досега, но колку што му овозможуваат годините и силите.

Последниот ангелус (молитва во католичкото христијанство) во папството на Бенедикт Шеснаесетти постојано бил постојано прекинуван со повици од масата и бурни аплаузи од Плоштадот на свети Петар, на кој биле присутни неколку десетици илјади луѓе. Тој не можел да ги сокрие растеперениот глас и видливите емоции. Папата, меѓу другите, бил поздравен со транспарентите „Свети Отец, те сакаме”, „Ви благодариме, Светост” итн.
Папата со широка насмевка им се заблагодари на небото што по неколку дождливи римски денови над градот заблескоти сонцето.Како и обично, Бенедикт Шеснаесети, во текот на ангелусот од прозорецот на Апостолската палата верниците ги поздрави на неколку јазици, а го заврши со импровизираната порака: „Секогаш ќе бидеме пријатели”. Функцијата поглавар  римокатоличката црква ќе му заврши во четврток, на 28-ми февруари.

Во среда Папата ќе ја одржи последната општа аудиенција, Римската полиција последните денови од понтификатот ја зајакна безбедноста. На располагање нa верниците во неделата, а слично ќе биде и во среда, им се обезбедени две подвижни болници и стотици волонтери.

Во четврток папата ќе се сретне со кардиналите во Ватикан, а во текот на попладнето со хеликоптер ќе биде превезен во резиденцијата Кастел Гандолфо. Седисваканцијата (испразнетата папаска столица), периодот на испразнето место на катедрата на римскиот бискуп, како што официјално се нарекува, официјално започнува на 28-ми февруари во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top