| четврток, 6 декември 2018 |

Глад во Јужен Судан: 50 илјади деца ќе починат годинава

Displaced children in South SudanСмрт поради глад и болести е закана за повеќе од 50.000 деца во Јужен Судан, предупредија денеска ОН, апелирајќи за донации на повеќе од милијарда долари за помош на загрозени во граѓанската војна што трае веќе шест месеци.

Војната во младата држава веќе однесе илјадници животи и присили 1,5 милиони да ги напуштат домовите.

Хуманитарни агенции апелираат на ризик од глад доколку борбите продолжат.

– Последиците се страшни – 50 илјади деца може да умрат од глад оваа година ако не добиеме помош, изјави Тоби Ланзер, претставник од ОН.

Во крајот на минатата година насилства го зафатија Јужен Судан откако се судрија силите на претседателот Салве Киира, припадник на народот Динка, и следбеникот на неговиот поранешен потпретседтаел Рик Масара од народот Нуер. Прекинот на огнот во Јужен Судан договорен во јануари не беше почитуван, по што беше интензивирано насилството и судирите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top