| четврток, 6 декември 2018 |

Италија го доби европското дерби со Англија

Италија забележа значајна победа против Англија со 2-1 во таканаречената група на „смртта“ и направи крупен чекор кон осминафиналето на Светското првенство во Бразил.

„Аѕурите“ славеа со головите на Маркизио и на Балотели, а погодокот за Англија беше дело на Стариџ. Натпреварот во срцето на Амазонија, во Манаус, изобилуваше со возбудувања, а италијанските репрезентативци подобро се снајдоа. Маркизио со прецизен удар од далечина во 35. минута и донесе на Италија предност од 1-0, но славјето траеше кусо само 120 секунди. Стариџ израмни на 1-1 по одличната асистенција на Руни.

„Гордиот Албион“ ја презеде иницијативата, но до крајот на првиот дел немаше нов погодок. Клучен момент на европското дерби во Бразил беше 50. минута кога на одличниот центаршут на Кандрева, Балотели лесно погоди со глава за 2-1 за Италија. До крајот имаше уште неколку панси на двете страни, но до промена не дојде, па 4-кратниот светски првак Италија ги освои важните бодови.

Во оваа група се и Уругвај и Костарика, селекција што направи сензација и со победа против Урусите од 3-1 е лидер по првата рунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top