четврток, 9 јануари 2025 | Вести: 0

Да се биде или не за Уругвај и за Англија, кој ќе ги пакува куферите за дома

Дербито на осмиот натпреварувачки ден на 20. Светско превенство во фудбал е во групата Д, каде што ќе се сретнат поранешните светски шампиони Уругвај и Англија.

Двете репрезентации мора да одат на победа бидејќи поразениот ќе мора да почне со пакување на куферите и со чекирање на авионската карта за дома.

Рој Хоџсон ги има на располагање сите фудбалери, а во тимот се враќа и Алекс-Окслеи Чембрлен, додека, пак, селекторот на Уругвај, Оскар Табарез, сѐ уште не знае дали ќе може да смета на најдобриот фудбалер во неговиот тим, Луис Суарез.

Според последните информации кои пристигнуваат од Бразил, напаѓачот на Ливерпул веќе неколку дена тренира со полн интензитет и најверојатно ќе го стартува важниот дуел против селекцијата на Англија.

Дуелот меѓу Уругвај и Англија ќе почне во 21 часот.

Колумбија која на стартот ја порази Грција со 3-0, во второто коло ќе игра против Брегот на слоновата коска. „Слоновите“ исто така имаат три бода, откако во воведниот меч забележаа победа над Јапонија (2-1).

Овој меч, кој ќе се одигра во Бразилија од 18 часот, ќе го отвори осмиот ден на светското првенство.

Поразените од натпреварите одиграни во првото коло, Грција и Јапонија, мечот ќе го одиграат на полноќ по македонско време во Натал.

Top