| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапото шишенце за бебиња чини 135.300 долари

Сигурни сме дека сте слушнале за „Suommo“, најексклузивниот бренд посветен на бебињата…

Нивната „Dodo“ колекција од 52.250 долари, односно нивното златно издание, сега има соодветна придружба во вид на најскапото шишенце за бебиња. Најискусните златари го креирале ова парче од розево злато со декор од бело злато и дијаманти. Ова гламурозно шишенце има нежен, но во исто време и моќен изглед кој ги освојува сите срца во истот момент кога ќе го видат.

Инспирирано од руските кукли, чии сетови се од пет парчиња и пет различни големини и ова шишенце е достапно во пет различни големини.

luksuz-fancy-najskuplja-flasica-za-bebe-3

Доколку на вашето бебе му го купите овој луксузен аксесоар наречен „Doll Bottle“, „Suommo“ брендот ќе изгравира персонализирана порака на него. А сега, што се однесува на цената… ова шишенце е речиси три пати поскапо од златната колевка. Чини 135.300 долари и не е само шишенце за бебиња туку и префинето парче декор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top