| четврток, 6 декември 2018 |

Колумбија е моќна и без Фалкао, победа против Грција со 3-0

Колумбија одлично стартуваше на 20. јубилејно издание на Светските првенства и со победа против Грција со 3-0 ги најави амбициите за висок дострел во Бразил.

И без Фалкао, Колумбијците лесно го надиграа нашиот јужен сосед, а клучни моменти беа погодоците на Армеро во шестата минута, на Гутиерес во 58. минута и на Родригес во самиот финиш на мечот, во судиското продолжение.

Грција остана со празни раце, иако и тие имаа свои шанси за подобар резултат во премиерниот меч од Ц групата. Најсериозна можност за гол имаше Теофанис Гекас во вториот дел, но шпицот на Грција ја погоди пречката.

Колумбија сепак сосема заслужено славеше и помирно го очекува продолжението на турнирот. Во првото коло од Ц групата ноќеска од 3 часот ќе играа Брегот на слоновата коска и Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top