| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Подавам рака до СДСМ, Македонија мора да оди напред

Премиерот Никола Груевски, истакна дека на политичката сцена мора да се „закопаат секирите“ и да се намали јазот на политичките конкуренти.

Во таа насока, Груевски подвлече дека СДСМ мора да почне да учи од своите грешки, зошто сега е пратија која не нуди решенија и поради омраза и лични фрустрации ги обвинуваат сите освен самите себе.

-Беа во Брисeл, им кажаа и таму дека бојкотот не е решение и дека ова е лошо за државата и време е да сфатат дека не може вака.  Ова мора да престане. Ова е лошо за државата и за секој нејзин граѓанин и самите тие го знаат тоа, подвлече Груевски.

Премиерот на Македонија му порача на СДСМ дека е подготвен да им помогне да излезат од „кашата“ во која се сега.

-Јас сум спремен да им понудам пакет кој ќе ги адресира сите нивни грижи, исто како што прифативме , на нивно барање и она понижувачко  обележување со мастило, само за да се убедат дека нивниот неуспех не лежи во тоа. Единствено што барам од нив е да престанат со ова деструктивно однесување за државата и за сите граѓани во неа. Јас подавам рака, нивно е дали ќе ја прифатат. Македонија мора да оди напред, а СДСМ мора да се однесува одговорно, порача Груевски.

Тој додаде дека се силни и дека не се плашат да подадат рака за доброто на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top