| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли доби титула „Леди“ од Кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета и додели титула леди еквивалентна на титулата витез, на американската актерка Анџелина Џоли за нејзината работа во борба против сексуалното насилство и во подрачјата зафатени со војна.
Актерката која престојува во Лондон оваа седмица како еден од домаќините на самитот за сексуално насилство е една од стотината луѓе чии имиња се најдоа на списокот за признание од Кралицата која секоја година за својот роденден ги доделува.

Анџелина Џоли бидејќи не е државјанка на Британија или Комонвелтот нема да може да ја користи титулата пред своето име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top