На плажите во Грција од денеска се продаваат сендвичи, минерална вода и кафе по фиксни цени кои би требало да се пониски за 30 проценти од досегашните, јавуваат локалните медиуми.
Казните за непочитување на овие правила се толку високи што сопствениците се принудени да ги променат цените. За продажба на стоки по повисоки цени е предвидена казна од 500 евра, додека за неиздавање на сметка казната изнесува 1.000
евра. Казните ќе бидат двапати повисоки ако прекршокот се повтори.
Мерката е воведена откако туристи масовно се жалеле дека цените во рестораните на плажите се нелогично високи.
Тимови од Министерството за труд и од Министерството за финансии почнаа да ги проверуваат сите туристички региони на Грција. Во разни установи и хотели се вршат проверки дали вработените кои се сезонски работници имаат потпишано договор и дали се осигурани.
Ако бидат регистрирани прекршоци, работодавците ќе платат казни од 10 илјади евра, а кај драстични случаи ќе биде одземена и дозволата за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција