
Македонската пејачка Саа Лефкова во петокот во скопскиот ресторан „Боними“ со своите пријатели лудуваше на нејзината девојачка велер. Кочанчанката судбоносното „да“ ќе му го каже на Мики, познат скопски угостител и сопственик на „Ред кафе“ во Аеродром.
Дел од незаборавната ноќ на поп-пејачката, која е во блажена состојба, биле и нејзините колешки Анастасија Петреска и Сања Петковска, кои пееле во нејзина чест. Цела вечер се пеело, се играло, сите биле весели, а најмногу идната невеста.
Лефкова и Мики долги години пред да ја започнат врската биле само пријатели, а пријателството неодамна прераснало и во љубов.
– Скромен е, внимателен, ми обрнува внимание. Исто така е и многу искрен и тоа навистина ми значи – изјави Сања пред новогодишните празници, кога и официјално пред јавноста го претстави своето момче, сега сопруг Мики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


