Македонската пејачка Сања Лефкова ја поврати својата фигура по породувањето и изгледа подобро од било кога.
Со нејзината „Среќа“, Лефкова по подолга пауза, го означува нејзиното повторно враќање на сцената и го опишува нејзиното внатрешно чувство за изминатиов период во кој таа основа семејство и за прв пат стана мајка.
Комплетен автор и продуцент на оваа песна е Александар Масевски со кого Сања соработуваше и за нејзиниот познат хит „Пауза па плеј“.
„Среќа“ ќе добие и свој видеоспот, кој е во режија на Александар Ристовски Принц и кој наскоро ќе биде промовиран.
Фотографиите за фотосесијата ги изработи младиот Стефан Соколовски – Бадстеф, а за изгледот на Сања се погрижи Фросина Ангелковска – Фран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




