| четврток, 6 декември 2018 |

Грчева: За пратеничкиот мандат ќе размислувам до последен момент

– Јас со крвава работа во советот ја добив честа да бидам на пратеничката листа на опозицискиот блок. До последен момент, до среда кога конечно треба да ни биде верификувано враќањето на мандатот ќе бидам гласна дека овој бојкот што го предложи раководството за мене не е прифатлив и сметам дека поинаку треба да ја водиме борбата за уривање на власта. Ќе размислувам до последен момент, и како ќе продолжам ќе биде моја одлука – вели Солза Грчева од СДСМ во изјава за порталот Либертас и нагласува дека таа со изборот од граѓаните добила мандат да биде нивен преставник во законодавниот дом и дека има обврска кон нив.

Грчева вели деја плата за 20 дена од мај и префрлиле не само неа, туку на сите други освен на Шилегов, Локвенец и уште еден бизнисмен од НСДП кои се изјасниле дека не сакаат да се водат како вработени во парламентот. Таа негира и дека била член на ЛДП, туку вели дека е само претседател на советот за образование на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top