Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун за својот 70. роденден доби необичен подарок од страна на боливискиот претседател. Имено Ево Моралес му подари колач направен од листови на кока.
Коката се користи за производство на кокаин, а Моралес, кој е бивши одгледувач на кока, долго ја бранеше легализацијата на употребата на оваа билка. Според него таа е дел од древен ритуал за правење на чај, лекови и слатки.
Бан неколку дена е во боливискиот град Санта Круз на состанок со групата Г77, на кој се разговата за мерките за разбивање на сиромаштијата, пренесува Ројтерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.