| четврток, 6 декември 2018 |

Беспрекорни и на пеколна температура – необични трикови што ѝ се потребни на секоја жена

Летните температури ни дојдоа наеднаш, но тоа не значи дека жештината треба да се пречека без план за совршен изглед. Овие необични трикови за убавина на порталот „Бјути хај“ ќе ви помогнат да се чувствувате свежо и да изгледате беспрекорно дури и на +40!

1. Деловите на кои сте претерале или сте згрешиле со средството за самопотемнување, истријте ги со мешавина од обична вода и сода бикарбона.

2. Карминот и лакот за нокти чувајте ги во фрижидерот.

3. Во лето косата побрзо се масти. Наместо пречесто миење, пред спиење попрскајте малку сув шампон или бебешка пудра во коренот и наутро добро расчешлајте. Косата ќе изгледа свежо, а ќе мириса одлично.

4. Пред фенирање ставете малку дезедоранс на задниот дел од вратот за да се спречи потењето.

5. Црвенилото предизвикано од депилација на бикини-зоната ублажете го со ладни вреќички чај од камилица.

6. Дамките од пот на облеката испрскајте ги со сок од лимон, а потоа исперете ги нормално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top