| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Шекеринска не знаат кој пат да го фатат

SAS_8787

Пос­лед­ни­те де­се­ти­на де­на на ре­ла­ци­ја Бри­сел – Скоп­је има ин­тен­зив­на раз­ме­на на ин­фор­ма­ции и по­ра­ки за чи­ја со­др­жи­на јав­но­ста не е из­ве­сте­на. Тоа што го по­твр­ду­ва­ат за­пад­ни­те дип­ло­ма­ти е де­ка ко­му­ни­ка­ци­ски­от ка­нал е на­со­чен и кон Вла­да­та, но и кон опо­зи­ци­ја­та. На еки­па­та на пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски ѝ се по­ра­чу­ва де­ка си­те за­бе­ле­шки што ги да­доа ОБ­СЕ и дру­ги­те стран­ски прет­став­ни­ци и  ор­га­ни­за­ции тре­ба да би­дат адре­си­ра­ни исто ка­ко што се слу­чу­ва­ло ко­га прет­ход­но има­ло пре­диз­ви­ци низ кои ми­ну­ва­ла зем­ја­та. Во Бри­сел не се за­до­вол­ни од дел од про­це­си­те за кои од­го­вор­ност има и вла­ста, и за­тоа се оче­ку­ва спор­ни­те мо­мен­ти да би­дат над­ми­на­ти пре­ку ин­сти­ту­ци­и­те и со­од­вет­ни­те про­це­ду­ри кои функ­ци­о­ни­ра­ат ус­пеш­но со го­ди­ни.

Тоа што е шо­кант­но за СДСМ е фа­ктот што во­ка­бу­ла­рот кон нив од стра­на на Европ­ска­та уни­ја е да­ле­ку по­ди­ре­ктен и по­су­ров. Глав­на­та по­ра­ка што се ис­пра­ќа за­се­га пре­ку не­о­фи­ци­јал­ни сред­би и глас­ни­ци е де­ка бој­ко­тот не е ни ме­ѓу те­о­рет­ски­те оп­ции за Бри­сел. Пар­ти­ја што се сме­та за европ­ска не смее ни да раз­мис­лу­ва за бој­кот на ин­сти­ту­ци­и­те чи­ја глав­на цел е да ја под­го­тват зем­ја­та за членс­тво во ЕУ, сме­та­ат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“.

По­ли­тич­ки­от ди­ја­лог е дво­на­со­чен про­цес

Ана­ли­ти­ча­ри­те се уве­ре­ни де­ка СДСМ ќе на­пра­ви гре­шка ако сме­та де­ка во по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог вла­ста е таа што има об­вр­ска да да­ва, а опо­зи­ци­ја­та има пра­во да ба­ра ис­пол­ну­ва­ње на жел­би­те.

Од­не­су­ва­ње­то на СДСМ во пер­и­од во кој зем­ја­та има пред се­бе ни­за важ­ни на­ста­ни, и тоа во го­ди­на ко­га се слу­чу­ва нај­го­ле­ми­от су­дир ме­ѓу свет­ски­те си­ли по Сту­де­на­та вој­на, во нај­ма­ла ра­ка е не­од­го­вор­но. Се раз­би­ра, трг­ну­вај­ќи од сопс­тве­но­то искус­тво, Уни­ја­та не мо­же да по­ве­ру­ва де­ка че­ко­ри­те на За­ев се пра­ват по­ра­ди лич­на­та су­е­та на по­е­дин­ци кои  не мо­жат да приз­на­ат по­раз и по­ра­ди тоа не ги приз­на­ва­ат из­бор­ни­те ре­зул­та­ти. Но, ако во мно­гу ско­ро вре­ме ра­ко­водс­тво­то на СДСМ не из­ле­зе со пла­тфор­ма во ко­ја ќе има кон­крет­ни че­ко­ри за по­ли­тич­ки ди­ја­лог и пре­кин на по­ли­тич­ка­та кри­за на­ме­сто бој­кот во раз­лич­ни фор­ми, то­гаш опо­зи­ци­ја­та ќе ги за­гу­би и она­ка ма­ли­те сим­па­тии во Бри­сел, сме­та­ат за­пад­ни дип­ло­ма­ти што до­бро ги поз­на­ва­ат бал­кан­ски­те пра­ви­ла на игра, осо­бе­но прин­ци­пот да му умре ко­за­та на ком­ши­ја­та.

Тие до­да­ва­ат де­ка СДСМ не тре­ба да има ни­ка­кви ди­ле­ми што мис­ли Бри­сел за но­ва­та вла­да што ја фор­ми­ра­ат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. И по­крај де­лум­ни­те за­бе­ле­шки за про­це­сот на из­бо­ри, Гру­ев­ски и Ах­ме­ти го има­ат ап­со­лут­ни­от ле­ги­ти­ми­тет да ги во­дат гра­ѓа­ни­те. Приз­на­ни­е­то на За­ев, кој јав­но по­ра­ча де­ка и во иде­ал­ни ус­ло­ви за опо­зи­ци­ја­та СДСМ ќе до­жи­ве­ал по­раз од ВМРО-ДПМНЕ, е са­мо по­твр­да на ис­прав­но­ста на Бри­сел.

Европ­ски­те ана­ли­ти­ча­ри ве­лат де­ка не са­ка­ат ни да по­мис­лат што ќе се слу­чи до­кол­ку од­не­су­ва­ње­то на СДСМ ста­не ма­три­ца на од­не­су­ва­ње на дру­ги­те пар­тии, при што е со­се­ма ло­гич­но овој ме­тод да го ко­ри­сти и де­неш­на­та власт ко­га ќе би­де опо­зи­ци­ја. Кол­ку од­не­су­ва­ње­то на Зо­ран За­ев е ка­та­стро­фал­но мо­же да се из­ме­ри ако на ма­са се ста­ви и мож­но­ста за бој­кот од ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја или, пак, уште по­ло­шо, ако си­те ал­бан­ски пар­тии се до­го­во­рат да ги бој­ко­ти­ра­ат ин­сти­ту­ци­и­те до­кол­ку не им се ос­тва­ри не­ко­ја на­ци­о­нал­на жел­ба. Си­те тие во ид­ни­на ќе мо­жат да се по­ви­ка­ат на бој­ко­тот на СДСМ и да ре­чат де­ка не ги по­чи­ту­ва­ат ин­сти­ту­ци­и­те. Та­кво­то сце­на­рио, кое поч­на со на­ста­ни­те на 24 де­кем­ври 2012 го­ди­на, е ед­на од нај­о­пас­ни­те по­ли­тич­ки игри што се во оп­тек уште од пов­ле­ку­ва­ње­то на ЈНА од зем­ја­ва, сог­лас­ни се и дип­ло­ма­ти­те и наб­љу­ду­ва­чи­те на со­стој­би­те.

Со ба­ра­ње­то ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги адре­си­ра­ат си­те пре­диз­ви­ци, и тоа во рам­ки­те на функ­ци­о­нал­ни­те про­це­ду­ри, Бри­сел приз­на­ва де­ка има проб­ле­ми во зем­ја­ва, но тие не се ри­зич­ни сѐ до­де­ка има ин­сти­ту­ци­о­нал­ни на­чи­ни за нив­но ре­ша­ва­ње. Проб­ле­мот со по­ра­ки­те кон СДСМ е што во Бри­сел не­ма раз­би­ра­ње за од­не­су­ва­ње што не мо­же да се ка­на­ли­зи­ра во ин­сти­ту­ции.

Европ­ски­те прет­став­ни­ци се збу­не­ти од од­не­су­ва­ње­то на Зо­ран За­ев и на Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска. Од мал­ку­те кон­та­кти што ги има­ат со нив, не мо­жат да про­це­нат што е су­шти­на­та на дејс­тву­ва­ње­то на СДСМ. Освен тоа де­ка кај опо­зи­ци­ја­та има огром­но ни­во на омра­за кон Гру­ев­ски, ни­кој не мо­же со си­гур­ност да ка­же што пла­ни­ра За­ев, ни­ту кој е след­ни­от че­кор на пар­ти­ја­та. Ли­де­рот на пар­ти­ја­та мо­ра да знае де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е единс­тве­на­та зем­ја во ре­ги­о­нов и по­ши­ро­ко во ко­ја опо­зи­ци­ја­та се чув­ству­ва оне­прав­да­но. Со го­ди­ни мно­гу слич­на бе­ше со­стој­ба­та во Ал­ба­ни­ја, но и то­гаш единс­тве­на­та по­ра­ка до то­гаш­на­та опо­зи­ци­ја на Еди Ра­ма бе­ше пре­кин на бој­ко­тот и вра­ќа­ње на ин­сти­ту­ци­и­те. ЕУ не­ма на­ме­ра се­га да го про­ме­ни сво­јот прин­цип спо­ред кој по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог е единс­тве­ни­от на­чин да се дој­де до на­пре­док.

По­греш­ни про­це­ни од ана­ли­тич­ки­от цен­тар на опо­зи­ци­ја­та

Ли­де­ри­те на СДСМ мо­ра да ги пре­ис­пи­та­ат прет­по­ста­вки­те врз ос­но­ва на кои ја спро­ве­ду­ва­ат пар­ти­ска­та аген­да, ко­ја е штет­на за це­ла­та др­жа­ва. Осо­бе­но отка­ко вед­наш по из­бо­ри­те го убе­ду­ва­ле сво­е­то членс­тво де­ка ќе има це­ло­сен бој­кот од стран­ски­те дип­ло­ма­ти во зем­ја­ва. Сиг­на­лот кој дој­де по ина­у­гу­ра­ци­ја­та на ста­ро-но­ви­от пре­тсе­да­тел, Ѓор­ге Ива­нов, ко­га во ло­жа­та на Со­бра­ни­е­то се по­ја­ви­ја ам­ба­са­до­ри­те на најв­ли­ја­тел­ни­те за­пад­ни зем­ји, мо­ра­ше да им по­ка­же на За­ев и, осо­бе­но, на Ше­ке­рин­ска, ко­ја ва­же­ше за нај­о­ми­лен лик кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во зем­ја­ва, де­ка Вла­да­та и пре­тсе­да­те­лот не­ма да би­дат изо­ли­ра­ни.

Со тоа ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор ис­пра­ти уште ед­на мно­гу важ­на по­ра­ка до опо­зи­ци­ја­та. И Бри­сел и Ва­шин­гтон му по­ра­чаа на За­ев де­ка сце­на­ри­ја­та за на­силс­тво, бло­ка­ди, гра­ѓан­ска не­пос­луш­ност и слич­ни ак­ции за кои шпе­ку­ли­ра членс­тво­то, не са­мо што не­ма да би­дат под­др­жа­ни, ту­ку ќе би­дат и јав­но осу­де­ни. Тоа што го су­ге­ри­ра­ат стран­ски­те поз­на­ва­чи на до­маш­ни­те со­би­ти­ја е опо­зи­ци­ја­та да поч­не што е мож­но по­бр­зо да ра­бо­ти на под­го­то­вка на членс­тво­то за вра­ќа­ње во ин­сти­ту­ци­и­те и, ка­ко што тоа го пра­ви За­ев во Стру­ми­ца и Жер­нов­ски во Цен­тар на ло­кал­но ни­во, со про­е­кти и идеи да се спро­тив­ста­ви на цен­трал­на­та власт. Не­за­до­волс­тво­то на членс­тво­то од дол­го­го­диш­ни­от ста­тус на опо­зи­ци­ја не смее да би­де преч­ка за трез­ве­но од­не­су­ва­ње на ра­ко­водс­тво­то. Од­не­су­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та не смее да ста­не при­чи­на за под­ла­бо­ка кри­за во зем­ја­ва и во ре­ги­о­нот, и тоа во си­ту­а­ци­ја во ко­ја све­тот се на­о­ѓа пред но­ви ге­о­стра­те­шки по­ме­сту­ва­ња. До­кол­ку се слу­чи тоа, мо­же­би не­ма да би­де важ­но кој е ви­нов­ни­кот, но јас­но ќе се знае кој ќе би­де жр­тва­та на не­се­ри­оз­на­та по­ли­ти­ка на дел од пар­ти­и­те, сме­та­ат из­во­ри­те на „Ре­пуб­ли­ка“.

Пишува: Горан Момировски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top