| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите бегаат од очајни жени

Опседнатоста со наоѓањето партнер, повеќето жени ги тера на однесување кое мажите го сметаат за одбивно. Просто кажано, мажите бегаат од очајни жени.

Многу често жените во такви ситуации почнуваат да се облекуваат попровокативно, да се однесуваат подостапно, па дури и агресивно, никогаш не се отпуштени, а тоа доведува до поразителни резултати. Еден од нив, секако, е тоа што ги спуштаат критериумите, односно многу често прифаќаат помалку од тоа што го заслужуваат.

На мажите многу им се попривлечни самоуверените и задоволни жени и затоа експертите потсетуваат дека љубовта се случува кога најмалку се надевате. Најважно е жената да е среќна во сопствената кожа, опкружена со позитивни луѓе и работите да се одвиваат по природен тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top