| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ усвои листа за градоначалници

Теута Арифи за Тетово, Невзат Бејта за Гостивар, Изет Меџити за Чаир, се дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ

dui-460x272Централното претседателство на ДУИ, на денешната седница ја усвои листата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Партиската прес-служба соопшти дека за кандидат за градоначалник на општина Тетово е предложена Теута Арифи, за Кичево предложен е Фатмир Дехари, за Гостивар – Невзат Бејта, за Чаир – Изет Меџити за Струга се предлага Арбен Лабеништи, за Дебар – Ружди Љата, за Сарај – Беким Мурати, за Желино – Фатмир Изаири, за Студеничани – Фати Исени, а за Боговине – Хазби Идризи. Кандидат за градоначалник на општина Брвеница се предлага Енвер Пајазити, за Врапчиште – Бајрам Кадриа, за Пласница – Исмаил Јахоски, за Теарце предложен е Исен Асани, за Липково Садула Дураку, а за Арачиново Брахим Ајвази.

Листата ќе биде поднесена до Централниот одбор на партијата за усвојување. За останатите општини, Центарот за комуникации на ДУИ информира дека претседателството ќе одлучи до среда, кога треба да се одржи и седницата на Централниот одбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top