| четврток, 6 декември 2018 |

Или К-15 или каз­на од 1.000 до 4.000 евра по ра­бот­ник

До­кол­ку фир­ма­та не му исп­ла­ти око­лу 8.500 де­на­ри на вра­бо­те­ни­от, ќе пла­ти каз­на од 1.000 до 4.000 евра по ра­бот­ник, а ако и по пла­ќа­ње­то на каз­на­та, газ­да­та на фир­ма­та про­дол­жи да ја иг­но­ри­ра оваа за­дол­жи­тел­на за­кон­ска об­вр­ска, вра­бо­те­ни­от мо­же да го ту­жи, по што ту­же­ни­от ќе мо­ра да ги пла­ти си­те суд­ски тро­шо­ци, плус су­ма­та пред­ви­де­на за К-15

Не ве­ру­вам де­ка газ­да­та ќе ни исп­ла­ти К-15 би­деј­ќи за не­го е по­исп­лат­ли­во да пла­ти каз­на од 1.000 до 4.000 евра откол­ку на сто ра­бот­ни­ци да им исп­ла­ти по 8.500 де­на­ри. Ва­кви­те му­а­бе­ти че­сто мо­жеа да се слуш­нат де­но­ви­ве отка­ко ста­на акту­ел­на те­ма­та за исп­ла­та на К-15, со ог­лед на тоа де­ка се бли­жи ро­кот за не­го­ва­та по­дел­ба – пр­ви ју­ли. Од Со­ју­зот на син­ди­ка­ти пре­ци­зи­ра­ат де­ка пред­ви­де­на­та за­кон­ска каз­на за не­исп­ла­ќа­ње на ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор не се од­не­су­ва на ни­во на це­ла­та фир­ма, ту­ку по ра­бот­ник. По­точ­но, за не­исп­ла­ќа­ње на К-15 еден газ­да ќе пла­ти каз­на од 1.000 до 4.000 евра, прес­ме­та­но по вра­бо­тен. По­тоа тој ќе мо­ра да му исп­ла­ти ре­грес за го­ди­шен од­мор на ра­бот­ни­кот, од­нос­но око­лу 8.500 де­на­ри. Ако по­втор­но не ја на­ми­ри оваа за­кон­ска об­вр­ска, ра­бот­ни­кот ќе мо­же да го ту­жи, а би­деј­ќи, спо­ред ССМ, се ра­бо­ти за од­на­пред до­би­ен спор, на кра­јот ра­бо­то­да­ве­цот  ќе тре­ба да ги пла­ти и К-15 и суд­ски­те тро­шо­ци и из­нај­му­ва­ње­то ад­во­кат. Зак­лу­чо­кот е ед­но­ста­вен. За ра­бо­то­дав­ци­те е по­исп­лат­ли­во и по­ед­но­став­но да им исп­ла­тат К-15 на сво­и­те вра­бо­те­ни откол­ку да ја за­о­би­ко­лу­ва­ат оваа об­вр­ска би­деј­ќи на кра­јот ќе би­дат во зи­јан.

Во сог­лас­ност со до­го­во­ре­но­то ме­ѓу ССМ и Ор­га­ни­за­ци­ја­та на ра­бо­то­дав­ци, од по­че­то­кот на на­ред­ни­от ме­сец, па до кра­јот на го­ди­на­ва на транс­ак­ци­ски­те сме­тки на 300.000 ра­бот­ни­ци, вра­бо­те­ни во при­ват­ни­те ком­па­нии, ќе тре­ба да лег­не ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор или по­пу­лар­но на­ре­че­ни­от K-15 во из­нос од око­лу 8.500 де­на­ри, кој се исп­ла­ќа ед­наш во го­ди­на­та. Не­кои од нив, глав­но вра­бо­те­ни во по­бо­га­ти ком­па­нии, ве­ќе го до­би­ја на­до­ме­сто­кот, со ог­лед де­ка се­зо­на­та на го­диш­ни од­мо­ри поч­ну­ва од ју­ни, и тоа во по­го­лем из­нос од ми­ни­мал­но утвр­де­ни­от. Kако што Ор­га­ни­за­ци­ја­та на ра­бо­то­дав­ци и Со­ју­зот на син­ди­ка­ти­те на Ма­ке­до­ни­ја се до­го­во­ри­ја на кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на, из­но­сот тре­ба да из­не­су­ва нај­мал­ку 40 про­цен­ти од про­сеч­на­та не­то-пла­та во зем­ја­ва. Тоа е ми­ни­ма­лен из­нос, а да­де­но е пра­во­то ра­бо­то­дав­ци­те да исп­ла­тат и по­го­лем из­нос ако тоа го доз­во­лу­ва фи­нан­си­ска­та кон­ди­ци­ја на ком­па­ни­ја­та. Ова пра­во се вгра­ди во пос­лед­ни­те из­ме­ни на Оп­шти­от ко­ле­кти­вен до­го­вор за сто­панс­тво­то, кои ста­пи­ја во си­ла од 1 ја­ну­а­ри го­ди­на­ва, а има­ат важ­ност од две го­ди­ни. Во сог­лас­ност со нив, на­до­мест ќе мо­же да зе­мат са­мо ли­ца­та што ра­бо­тат кај ист ра­бо­то­да­вец нај­мал­ку 6 ме­се­ци во ед­на ка­лен­дар­ска го­ди­на.

На ра­бот­ни­кот чиј газ­да не­ма да му исп­ла­ти K-15 му оста­ну­ва­ат не­кол­ку мож­но­сти за да го ос­тва­ри ова свое пра­во.

За не­исп­ла­ќа­ње на ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор, ра­бо­то­да­ве­цот ќе тре­ба да пла­ти каз­на од 1.000 до 4.000 евра. Таа су­ма се дви­жи во овој рас­пон би­деј­ќи каз­ни­те се со­би­ра­ат по раз­лич­ни ос­но­ви. На при­мер, каз­на­та за не­исп­ла­ќа­ње пла­ти и при­до­не­си из­не­су­ва 3.000 евра, плус 1.000 евра за од­го­вор­но­то ли­це, што да­ва збир­на су­ма од 4.000 евра. Со ог­лед на тоа де­ка каз­на­та се пред­ви­ду­ва по ли­це, тоа зна­чи де­ка не­исп­ла­ќа­ње­то на К-15, се­кој ра­бо­то­да­вец по вра­бо­тен ќе го чи­ни до 4.000 евра. Зго­ра на тоа, по пла­ќа­ње­то на каз­на­та, ра­бо­то­да­ве­цот се­ка­ко ќе мо­ра да му исп­ла­ти на вра­бо­те­ни­от нај­мал­ку 8.500 де­на­ри. Ако не го на­пра­ви тоа, ра­бот­ни­кот, под за­кри­ла на ССМ, има пра­во да го ту­жи. Со ог­лед на тоа де­ка за­ко­нот пред­ви­ду­ва исп­ла­та на К-15, се ра­бо­ти за од­на­пред до­би­ен суд­ски спор во пол­за на ра­бот­ни­кот, по што не­го­ви­от ра­бо­то­да­вец ќе мо­ра да ги исп­ла­ти и ре­гре­сот и суд­ски­те тро­шо­ци – ве­ли Сло­бо­дан Трен­да­фи­лов, ра­ко­во­ди­тел на од­де­ле­ние во ССМ.

Тој ве­ли де­ка мно­гу че­сто ра­бот­ни­ци­те не се свес­ни за сво­и­те пра­ва, но де­ка исти­те им се за­га­ран­ти­ра­ни со за­кон и ка­ко та­кви мо­ра да би­дат ос­тва­ре­ни.

– Вра­ќа­ње­то на мож­но­ста за исп­ла­та на К-15 е го­ле­ма при­до­би­вка на ССМ во бор­ба­та за ра­бот­нич­ки­те пра­ва. Но, ние не за­ста­ну­ва­ме ту­ка, ту­ку ќе про­дол­жи­ме да се бо­ри­ме за зго­ле­му­ва­ње и за про­ши­ру­ва­ње на пра­ва­та на ра­бот­ни­ци­те – до­да­ва Трен­да­фи­лов.

denari

Тој ве­ли де­ка не­кои фир­ми ре­а­ги­ра­ле оти пра­во­то за исп­ла­та на К-15 тре­ба да им би­де оста­ве­но ка­ко мож­ност, а не ка­ко за­дол­жи­тел­на об­вр­ска.

Во прет­ход­ни­те за­кон­ски ре­ше­ни­ја бе­ше утвр­де­но фир­ми­те да исп­ла­тат К-15 до­кол­ку има­ат мож­ност, но таа мож­ност ја ко­ри­стеа мно­гу мал број фир­ми. Зна­чи, ако им се оста­ви на газ­ди­те, ре­тко кој ќе исп­ла­ќа ре­грес за го­ди­шен од­мор. Ток­му за­тоа ова тре­ба­ше да би­де во­ве­де­но ка­ко за­дол­жи­тел­на за­кон­ска об­вр­ска би­деј­ќи ра­бот­ни­ци­те има­ат пра­во на не­го – об­јас­ну­ва Трен­да­фи­лов.

Спо­ред не­го, со ог­лед на тоа де­ка во за­ко­нот стои оти тре­ба да по­ми­нат нај­мал­ку шест ме­се­ци во го­ди­на­та за да поч­не исп­ла­та­та на ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор, мал­ку е ве­ро­јат­но де­ка исп­ла­та­та ќе поч­не во ју­ли.

Оче­ку­ва­ме оваа за­кон­ска об­вр­ска да се ис­пол­ни не­ка­де по сеп­тем­ври би­деј­ќи на ра­бо­то­да­ве­цот му е оста­ве­на мож­но­ста исп­ла­та­та да ја из­вр­ши до кра­јот на го­ди­на­та. Но, тоа е мо­же­би и до­бро би­деј­ќи ако има на­гор­на про­ме­на на про­се­кот на пла­та, мо­же­би ре­гре­сот ќе би­де и по­ви­сок, со ог­лед на тоа де­ка К-15 из­не­су­ва 40 про­цен­ти од ос­но­ви­ца­та на пла­та, ко­ја ва­жи на де­нот на до­не­су­ва­ње­то на од­лу­ка­та за не­го­ва исп­ла­та – до­да­ва Трен­да­фи­лов.

Оп­шти­от ко­ле­кти­вен до­го­вор за сто­панс­тво­то ве­ли де­ка ко­га ра­бот­ни­кот под­нел ба­ра­ње до ра­бо­то­да­ве­цот за от­стра­ну­ва­ње на пре­кр­шу­ва­ње­то на не­кое не­го­во пра­во утвр­де­но со за­кон, ко­ле­кти­вен до­го­вор и до­го­вор за вра­бо­ту­ва­ње, ра­бо­то­да­ве­цот е дол­жен да со­ра­бо­ту­ва со син­ди­кал­ни­те прет­став­ни­ци за спо­год­бе­но ре­ша­ва­ње на на­ста­на­ти­от спор. Ра­бот­ни­кот има пра­во да при­сус­тву­ва во по­стап­ка­та пред ор­га­нот кој од­лу­чу­ва за под­не­се­но­то ба­ра­ње во втор сте­пен и при­тоа да би­де за­ста­пу­ван од Син­ди­ка­тот.

Ра­бо­то­дав­ци­те ве­лат де­ка ќе исп­ла­ту­ва­ат К-15 би­деј­ќи за­кон­ски се об­вр­за­ни да го на­пра­ват тоа, но не­го­ду­ва­ат би­деј­ќи им се на­мет­на нов тро­шок.

Ова не е до­бре­дој­де­на мер­ка и прет­ста­ву­ва неп­ла­ни­ран тро­шок за ком­па­ни­и­те. Овој до­го­вор не е по­стиг­нат со це­ло­то сто­панс­тво и сме­там де­ка не е на­чин на кој тре­ба да се изра­зи и на­гра­ди за­до­волс­тво­то на ра­бо­то­да­ве­цот од ра­бот­ни­ци­те. Спо­ред ме­не, на­чи­нот на на­гра­ду­ва­ње на ра­бот­ни­ци­те тре­ба­ше да се оста­ви на сло­бод­на­та вол­ја на ком­па­ни­и­те, исто ка­ко и бо­ну­си­те, 13. пла­та, пла­те­ни­те до­е­ду­ка­ции и обу­ка на вра­бо­те­ни­те. Има­ме ре­ак­ции од ком­па­нии што не се сог­ла­су­ва­ат со оваа на­гра­да, ко­ја ста­на за­кон­ска об­вр­ска. Тие са­ка­ат по сло­бод­на вол­ја да од­лу­чат ка­ко и ко­га ќе ги на­гра­дат сво­и­те вра­бо­те­ни. Се­пак, тие нај­мал­ку 40 про­цен­ти од про­сеч­на­та пла­та во зем­ја­ва се не­пред­ви­ден тро­шок за ком­па­ни­и­те, кој не е вле­зен во биз­нис-пла­но­ви­те за го­ди­на­ва – сме­та Ми­ле Бо­шков од Биз­нис-асо­ци­ја­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја.

Од Со­ју­зот на сто­пан­ски­те ко­мо­ри се со сли­чен став.

Тоа ќе ги оп­то­ва­ри фир­ми­те од тро­шков­на стра­на, но ќе се прис­по­со­бат. Не­ма ни­ка­кви ре­ак­ции, се­пак по­до­бра бе­ше ва­ри­јан­та­та оваа на­гра­да за вра­бо­те­ни­те да се оста­ве­ше на сло­бод­на­та вол­ја на ра­бо­то­дав­ци­те, од­нос­но тие ком­па­нии што се фи­нан­си­ски спо­соб­ни да исп­ла­ќа­ат, а тие што не мо­жат, да не исп­ла­ќа­ат. Иа­ко и прет­ход­но ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор не бе­ше за­кон­ска об­вр­ска, не­кои ком­па­нии го исп­ла­ќаа. Ова са­мо ќе ги зго­ле­ми тро­шо­ци­те на ра­бо­те­ње­то и ќе ја на­ма­ли кон­ку­рент­но­ста на фир­ми­те – ве­ли Мир­че Че­кре­џи од Со­ју­зот на сто­пан­ски­те ко­мо­ри.

Од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што се здру­же­ни го­ле­ми­те ком­па­нии, истак­ну­ва­ат де­ка исп­ла­та­та на ре­грес за го­ди­шен од­мор ка­ко мож­ност по­сто­е­ла и пред из­ме­ни­те во Ко­ле­ктив­ни­от до­го­вор и оти дел од ком­па­ни­и­те го исп­ла­ќа­ле и во по­го­лем из­нос од пред­ви­де­ни­от. Тие не оче­ку­ва­ат исп­ла­та­та на К-15 да пре­диз­ви­ка фи­нан­си­ско оп­то­ва­ру­ва­ње, а од дру­га стра­на, пак, сме­та­ат де­ка ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор ќе прет­ста­ву­ва сти­мул за ра­бот­ни­ци­те.

Имај­ќи ги пред­вид кон­ти­ну­и­ра­ни­от по­раст на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво, зго­ле­ме­ни­те сто­пан­ски актив­но­сти во се­кто­рот гра­деж­ниш­тво во ре­а­ли­за­ци­ја­та на ка­пи­тал­ни­те ин­ве­сти­ции и до­бри­те ре­зул­та­ти во над­во­реш­но-тр­гов­ска­та раз­ме­на во пр­ви­от квар­тал од оваа го­ди­на, се оче­ку­ва де­ка исп­ла­та­та на ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор не­ма да има по­го­ле­ми фи­нан­си­ски не­га­тив­ни ефе­кти врз ли­квид­но­ста на ком­па­ни­и­те. Од дру­га стра­на, овој на­до­мест ќе прет­ста­ву­ва до­пол­ни­тел­но сти­му­ли­ра­ње на ра­бот­ни­ци­те за из­вр­шу­ва­ње на ра­бот­ни­те об­вр­ски, со што ќе се зго­ле­ми ефи­кас­но­ста во нив­но­то ра­бо­те­ње – наг­ла­су­ва­ат од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја.

Од Ор­га­ни­за­ци­ја­та на ра­бо­то­дав­ци се де­цид­ни де­ка овој ре­грес е до­го­ва­ран це­ла­та ми­на­та го­ди­на и е до­не­сен на нај­транс­па­рен­тен на­чин.

Об­вр­ска­та за исп­ла­та на ре­гре­сот по­сто­е­ше и прет­ход­но, но ви­си­на­та се до­у­ре­ду­ва со општ ко­ле­кти­вен до­го­вор, а не­го, пак, мо­же да го до­го­ва­ра­ат са­мо ле­ги­тим­ни парт­не­ри, а тоа се ССМ и ОРМ. Це­ло­то на­ше членс­тво е из­ве­сте­но и це­ла­та по­стап­ка бе­ше транс­па­рент­на и ле­ги­тим­на и во сог­лас­ност со ба­ра­ња­та на ра­бо­то­дав­ци­те. Ние ду­ри ус­пе­ав­ме да до­го­во­ри­ме со син­ди­ка­тот дру­ги­от ре­грес, но­во­го­диш­ни­от, да не би­де за­кон­ска об­вр­ска, ту­ку да се исп­ла­ќа по жел­ба и спо­ред мож­но­сти­те на ра­бо­то­дав­ци­те во од­дел­ни гран­ки. Ре­гре­сот не е пла­та и на не­го не се пла­ќа­ат при­до­не­си, ту­ку са­мо пер­со­на­лен да­нок од 10 про­цен­ти. Тоа не е кој знае кол­кав то­вар за ра­бо­то­дав­ци­те кои се гри­жат за сво­и­те вра­бо­те­ни. Не­ко­му ќе му се до­па­ѓа, не­ко­му не, осо­бе­но не на оние што не го раз­би­ра­ат со­ци­јал­ни­от ди­ја­лог, кои не се на­ши член­ки – ве­лат од Ор­га­ни­за­ци­ја­та на ра­бо­то­дав­ци на Ма­ке­до­ни­ја.

Ина­ку, за­кон­ска­та об­вр­ска за ре­грес за од­мор бе­ше уки­на­та уште во 2005 го­ди­на и по­крај на­по­ри­те до­се­га сто­е­ше са­мо ка­ко пра­во и мож­ност за ра­бот­ни­ци­те, без утвр­де­на кон­крет­на су­ма, но во нај­го­лем дел од ком­па­ни­и­те не се исп­ла­ќа­ше.

Ре­гре­сот за го­ди­шен од­мор за др­жав­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја до­пр­ва ќе се до­го­ва­ра ме­ѓу со­ци­јал­ни­те парт­не­ри, Син­ди­ка­тот и Вла­да­та. По­ра­ди из­бо­ри­те, пре­го­во­ри­те за Ко­ле­ктив­ни­от до­го­вор за јав­ни­от се­ктор би­ле пре­ки­на­ти, но се оче­ку­ва на­ско­ро да се усог­ла­сат си­те отво­ре­ни пра­ша­ња, ме­ѓу кое е и ова пра­во на вра­бо­те­ни­те во јав­ни­от се­ктор.

Ко­ле­ктив­ни­от до­го­вор за јав­ни­от се­ктор сѐ уште не е до­не­сен. Беа пре­ки­на­ти пре­го­во­ри­те би­деј­ќи за вре­ме на из­бо­ри не мо­же ни­ту да се пре­го­ва­ра ни­ту да се пот­пи­шу­ва. Ко­га ќе се фор­ми­ра но­ва­та вла­да, ќе про­дол­жат и пре­го­во­ри­те. Мо­жам да ка­жам де­ка 90 про­цен­ти од пра­ша­ња­та се ве­ќе усог­ла­се­ни и де­ка на­ско­ро ќе про­дол­жат раз­го­во­ри­те – нај­а­ви Жи­вко Ми­трев­ски, пре­тсе­да­те­лот на ССМ.

Пишува: Александрија Стевковска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top