„Mладата студентка Маја, која пред три дена беше повредена на концертот во ЈУ МКЦ, вчера, во добра здравствена состојба го напушти Клиничкиот центар и замина во својот дом во Битола.
Во изминатите денови, МКЦ, заедно со семејството на Маја и со лекарскиот тим беше фокусиран на закрепнувањето на Маја бидејќи здравјето на Маја беше единствениот приоритет. Токму од овие причини, свесно ги одбегнувавме сите коментари и шпекулации што кружеа во јавноста.
МКЦ искрено жали за немилиот настан. И покрај фактот што не бевме организатори на настанот, како на овој, така и на сите други настани во МКЦ, секогаш, без исклучок, безбедноста на граѓаните и на изведувачите ни е на прво место. Би сакале да истакнеме дека и од страна на организаторот на овој концерт, тоа беше апсолутно професионално почитувано и спроведено.
На 9 јуни во 23.30 часот, пред концертот на „Сепултура“, гостин од публиката се качил на метален држач за рефлектори, но во еден момент загубил рамнотежа и паднал од 5,5 метри височина. Паднал директно врз девојката, по што станал и си заминал. Битолчанката со итна медицинска помош веднаш беше однесена во Ургентниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


