| четврток, 6 декември 2018 |

Се укинува таксата за македонските транспортери, досега чинеше 700 евра

ministerstvooo

Македонско- романската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај потпиша протокол со кој е договорено за 2014 година да се размени дополнителен контингент од 350 билатерално транзитни транспортни дозволи за превоз на стока и 50 дозволи за и од трети земји, информира Министерството за транспорт и врски.

Исто така, договорено е од 17 јуни 2014 година да се укине патната такса за дозволите за и од трети земји за македонските транспортери која досега изнесуваше и до 700 евра по тура.

Во рамките на состанокот беше договорена и прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2015 година, која изнесува: 3.850 билатерални транзитни дозволи за сите категории за возила, 1.000 билатерално- транзитни дозволи за возила со минимум еуро 3 стандард и 500 дозволи за и од трети земји без наплата на патна такса.

Договорената квота на дозволи за и од трети земји без такса за 2015 година е за 40% поголема од досегашната.

Почнувајки од денот на потпишуванје на протоколот, договорено е да стапи на сила либерализација на билатералниот и транзитниот превоз за превозници кои вршат превоз на стока за сопствени потреби и за овие превозници превозот ќе се врши без режим на дозволи. Со договорената квота  е предвидено да се задоволат потребите на македонските превозници за превоз на стока кон Романија

Состанокот се одржа на 11 и 12 јуни 2014 година во Букурешт, Романија.

Министерството за транспорт и врски континуирано одржува состаноци на мешовитите комисии за превоз во меѓународниот патен сообраќај за дополнување на квотите на транспортни дозволи и либерализирање на превозот со земјите со кои остваруваме економска размена со цел овозможување на непречен транспорт за македонските транспортери.

Преку овие активности веќе e овозможено целосно либерализирање на превозот со повеќе земји со кои Република Македонија остварува економска размена, како и дополнување на контингентите за земјите со кои се разменуваат транспортни дозволи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top