Грчкиот прволигаш ПАОК е заинтересиран за ангажман на македонскиот интернационалец и доскорешен капитен на Македонија, Горан Пандев. Клубот од Солун сака да ја искористи шансата да се засили со искусен и квалитетен играч што повеќе од една деценија игра во Италија во клубови од Серија А.
Наполи сака по секоја цена да го продаде Пандев, бидејќи струмичанецот не е по вкус на Рафаел Бенитез, а ПАОК покажува интерес за ангажман на Македонецот.
Проблем ќе биде годишната плата што Пандев ја има во Наполи, а изнесува 2,3 милиони евра. Тој има можност и да остане во Неапол и да ја продолжи италијанската авантура што ја почна во 2001 година кога од Беласица занмина во младинскиот тим на Интер. Во игра за ангажман на 30-годишниот офанзивец често се спомнуваа Тотенхем и Монако, но двата клуба засега не „загризаа“ сериозно за услугите на Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


