Производителите на млеко до недела можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко во регистрирани млекарници во период од 1 јануари до 30 април годинава. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека висината на субвенцијата е 3,5 денари по литар. Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.