| четврток, 6 декември 2018 |

Мал пожар во една од собраниските куполи

собрание

Во една од куполите на Собранието на Република Македонија каде што сè уште се извршуваат градежни работи изутринава се појавил мал пожар, кој е саниран.

При заварување на челичната конструкција искра паднала на термичката подна изолација, соопштија од Собранието. Веднаш е увидено, реагирано и санирано. Имало само чад бидејќи се работи за затворен простор. Материјална штета не е направена.

Благоја Менковски од Противпожарната единица потврди дека настанот се случил при заварување.

Пред службениот влез на Собранието на Република Македонија имаше две противпожарни возила. Во зградата во моментов сè уште нема електричната енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top