Делчевчани претепале момче, на кое му ја скршиле ногата. Инцидентот се случил утрово, околу 00:40 часот, по претходна расправија во угостителскиот објект „Њу еиџ“. Две лица физички нападнале трето лице од село Стамер при што му нанеле тешка телесна повреда – фрактура во пределот на потколеницата од десната нога.
Тој бил пренесен во ЈЗУ „Гоце Делчев“ во Делчево, од каде по укажаната лекарска помош е пренесен во Клиничката болница во Штип.
Полицијата од Делчево презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.