| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио на победа до шампионскиот прстен

Екипата на Сан Антонио со резултат 107-86 го совлада тимот на Мајами, со што поведе со 3-1 во финалната серија од НБА-лигата и сега се наоѓа само на победа до шампионскиот прстен.

Тимската игра на Спарс повторно дојде до својот максимум, избраниците на Грег Поповиќ повторно имаа одличен шут од игра кој изнесуваше 57,1 проценти.

Кави Ленард го заврши натпреварот со 20 поени и 14 скока, Тони Паркер уфрли еден помалку, 14 постигна Патрик Милс, а Тим Данкан даде 10 поени проследени со 11 скока.

Мајами беа предводени од Леброн Џејмс со 28 поени, Крис Бош уфрли 12, а Двејн Вејд постигна 10 поени.

Петтиот натпревар од финалната серија се игра ноќта меѓу недела и понеделник, исто така во Сан Антонио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top