| четврток, 6 декември 2018 |

И утре претпладне сонце, попладне пороен дожд

sonce-pa-dozd

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните часови во северните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локална нестабилност во вид на порен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

За време на викендот и во почетокот на следната недела во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град. Пооблачно време и пообилни врнежи се очекуваат во недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top