| четврток, 6 декември 2018 |

Рогозин: Време е да се соберат парчињата од Советскиот сојуз

sssrРускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин денеска при одбележувањето на Денот на Русија повика „да се соберат камењата што се одделија“ речиси четвртина век откако „советската скала распукна првпат“.

На 12 јуни 1990 година беше донесена Декларацијата за државниот суверенитет на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република. Пред Русија, такви декларации донесоа и трите балтички републики, Грузија и Азербејџан, а по неа сите останати советски републики.

Процесот влезе во историјата како „парада на суверенитетите“.

Декларацијата му претходеше на погласувањето на независноста на Русија во декември 1991 година со распадот на Советскиот сојуз.

По доаѓањето на власт на Владимир Путин, кој распадот на СССР го нарече најголемата геополитичка катастрофа на 20-от век, во 2002 година Денот на независноста беше преименуван во Ден на Русија.

– Пред 24 години во советската скала се појави првата пукнатина. Потоа се разлеа дожд од камења. Кој тогаш да знаеше дека ќе мине четвртина век. Време е, меѓутоа, да се соберат камењата, напиша Рогозин на својот налог на Твитер.

Рогозин, познат по своите националистички погледи, е одговарен за воено-индустрискиот комплекс на Русија и во моментов се наоѓа под санкции од страна на САД и ЕУ, кои му забрануваат да престојува на нивните територии, потстуваат француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top