| четврток, 6 декември 2018 |

Рогозин: Русија не е Балканот

dmitri rogozin

Рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин денеска изјави дека притисокот кој Западот пред 20 години го вршеше на Балканот, а кој денеска го применува врз Русија, нема да има никаков ефект за оваа земја.

– Пред 20 години Западот постапуваше кон Балканот на истиот начин, така што на официјален Белград му воведе санкции поради она што се случуваше во соседна БиХ. Но Русија не е Балканот. Западот треба да заборави на такво нешто -напиша Рогозин на својот профил на „Фејсбук“.

Неговиот коментар е одговор на медиумските шпекулации дека ЕУ би можела да ги прошири санкциите против Русија, доколку проруските силе ги заземат аеродромите во Донецк и во Мариупољ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top