| четврток, 6 декември 2018 |

Жртви во поплавите во Австралија

Две лица загинаа, а илјадници лица на источниот брег на Австралија се отсечени од остатокот на земјата поради поплавите, предизвикани од поројните дождови.  Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека денеска нивото на реката Мекли достигнало помала висина од предвидената во Кемпси, на север на државата Нов Јужен Велс, 350 километри северно од Сиднеј, и по се изгледа тој град избегнал голема поплава.

Но, регионот на северното крајбрежје, и натаму внимателно се набљудува поради опасноста од поплави. Службата соопшти дека имала 66 интервенции за спасување на граѓани, а премиерката на Австралија Џулијан Гилард апелираше луѓето да ги избегнуваат поплавените подрачја.

Во местото Кју, близу Порт Меквери, 17-годишно момче водата го однела во канализациона цевка додека собирал топчиња за голф, а водата му била до половината.

Вчера, пронајдено е тело на маж во поплавен автомобил на еден пат, околу 20 километри северозападно од Графтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top