| четврток, 6 декември 2018 |

Соларани експлозии и се закануваат на Земјата (видео)

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии кои прикажуваат три силни соларни експлозии што во два дена се случиле на површината на Сонцето, а за кои се смета дека може да ги оштетат радиоврските и да влијаат на животот на
Земјата.

Првите две експлозии се случиле во вторникот, а третата е забележана вчера изутрина и предизвикале краток прекин во високофреквентните комуникации.

Експертите велат дека ваквите експлозии, чија енергија одговара на милијарди мегатони експлзив ТНТ, предизвикуваат испуштање на огромни количини на Х-зраци кои заради својата голема радијација може значајно да му наштетат на човештвото и да предизвикаат прекин на GPS комуникациските сигнали.

Иако посочуваат дека количината на радијација од овој размер не може да се пробие низ Земјината атмосфера, предупредуваат дека може да има влијание на атмосферата. Првите две експлозии биле со јачина од Х 2,2 и Х 1,5, што според експертите е доволно да предизвика проблеми во радио-комуникациите на Земјата.

Една од експлозиите предизвикала „коронално исфрлање на масата“ кое утре би можело да дојде во контакт со Земјата. Станува збор за џиновски облак плазма што може да ја погоди Земјата и да предизвика ударен бран кој ќе ги оштети комуникациските системи. Научниците сметаат дека тоа може да предизвика помала гео-магнетна бура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top