Експерти утврдија дека агенцијата НСА може да ги прислушува луѓето преку микрофонот на мобилните телефони, па дури и кога тој е исклучен. Оваа теорија прв ја објави Едвард Сноуден во интервјуто со Брајан Вилијамс на вестите на НБС.
Истражувачите утврдија дека оваа техника е можна. Уредот може да делува како да се исклучува, а всушност тој се префрла во мод со екстремно мала потрошувачка со кој комуникациските чипови сѐ уште работат.
Оваа состојба овозможува телефонот да прима команди, вклучувајќи ја и онаа за активирање на микрофонот. Истражувачите напоменаа и дека е исклучително тешко да се утврди дали еден телефон е „под контрола“ на шпионските агенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.