Ноќ за славје на шампионот Мајами хит во НБА и 10. победа во серија, запишана на гостувањето кај Филеделфија (114-90). Леброн Џејмс го забележа 35. трипл-дабл во кариерата, соефект од 16 поени, 11 асистенции и 10 скока. Вреден за паметење е и кошот во првата четвртина на Двејн Вејд, со кој ја мина границата од 16 илјади поени во НБА. Бекот на Мајами дебитираше во лигата токму во тимот на Филаделфија, а овојпат им го наполни кошот со 33 поени. Шампионите имаат импресивна серија од 10 победи и водат во источната конференција со биланс од 39-14. Во Топ-10 ќе ги видите и забивањата на Блејк Грифин, на Кевин Фарид, асистенцијата на Џејмс…. Како и секогаш има атрактивни потези што вреди да се погледнат.
Резултати: Шарлот – Денвер 99-113, Орландо – Кливленд 94-118, Вашингтон – Хјустон 105-103, Филаделфија – Мајами 90-104, Детроит – Индијана 72-90, Милвоки – Атланта 102-103, Л.А. клиперс – Јута 107-94.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.