Турските власти денеска го блокираа пристапот до социјалната мрежа „Гугл плус“, јави ДПА.
Засега не е посочена конкретна причина за забраната, која доаѓа една седмица откако беше обновен пристапот до веб-сајтот за споделување видеосодржини на „Јутјуб“, кој исто така е сопственост на „Гугл“.
Во март за околу две седмици, пред локлните избори во Турција, беше блокиран и пристапот на „Твитер“.
– Тоа изгледа апсурдно и чудно, но е тажно и заканувачко за слободата на изразување – истакна Мурат Чекич, директор за Турција на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



